По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, се организираа неколку активности во соработка на Коалиција СЕГА, Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, Младински Совет- Прилеп и НВО Жетва на знаење.

 

Во просториите на Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА се одржа работилница на тема: „Младинска миграција и интернационалното искуство на младите од Општина Прилеп“. На работилницата се разговараше за темата Младинска миграција, кои се причините за миграција на младите во другите земји, со кои предизвици и тешкотии се соочуваат младите мигранти. Исто така се сподели интернационално искуство на млади од Прилеп кои живееле извесно време во странство како и интернацинално искуство на младите волонтери од Франција и Америка и нивниот интерес да престојуваат во Македонија.

 

 

Во вечерните часови во центарот на Прилеп беше организиранИНФО ДЕН, каде се промовираа услугите на младинските организации наменети за младите луѓе од општина Прилеп.

Leave a comment