(Прилеп, 31 мај 2013 година) ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп организираа Музички настан  „Ајде да ја славиме Европа“, како дел од истоимениот проект поддржан од ЕУ Инфо центарот во Скопје. Целта на проектот е да се подигне свеста и да се промовира европската култура и вредностите кај младите. Музичкиот настан се одржа во центарот на Прилеп, на плоштадот Александрија на  Камената Бина. 

 

 

На настанот настапија голем број на младински музички бендови, играорци, млади пејачи од Прилеп, ученици од основните и средните општински училишта со свои балетски и музички точки. Исто така присутните имаа можност да се информираат повеќе за ЕУ преку промотивниот материјал кој беше поставен на штандови и заодржаните активности во рамките на овој проект преку мултимедијални алатки. 

 

 

Голема Благодарност до сите кои учествуваа и кои го поддржаа овој настан.

Leave a comment