На 22 мај, 2013 година тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп ја одржаа Видео конференцијата „Европа повикува“ како дел од проектот „Ајде да ја славиме Европа“ поддржан и одобрен од ЕУ Инфо центарот во Скопје кој има за цел да ја подигне свеста и да се промовира европската култура и вредности кај младите. Видео конференцијата се одржа во просториите на ИНФО СЕГА со присутво на 20 млади претставници и професори од СОУ Гимназија Мирче Ацев Прилеп.

 

Видео конференцијата се организираше во соработка со невладината организација од Франција, Куќата на Европа (Maison de l'Europe од Каен, Долна Нормандија) и средно општинско училиште од Каен. На видео-конференција младите од општина Прилеп и младите од Франција направија презентации за нивните училишта, регионите, земјите и разговараа за теми поврзани со ЕУ (вредности, толеранција), Европското граѓанство, одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа таму и овде и др.

 

Преку вклучување на млади учесници од два различни делови од Европа, разговарање на француски и англиски јазик, оваа проектна активност им даде уникатно искуство за европското граѓанство и се поттикна чувството на заедничка припадност и заедничките европски вредности. 

 

Во рамките на проектот на 31 мај 2013 година ќе се одржи  јавен музички настан на кој ќе учествуваат локални младински музички уметници од Прилеп во знакот на одбележување на Денот на Европа.

Leave a comment