Во рамките на кампањата „За подобро младинско учество СЕГА“ на 21 мај 2013 година во салата на Градска библиотека Борка Талески – Прилеп беше организирана трибина на тема „Младинско учество на локално ниво“. На оваа трибина беше презентирана Европската Повелба за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот и се дискутираше за потребата од младинско учество како и за моделите и механизмите кои функционираат во општина Прилеп.  Говорници на трибината беа Анастасија Илиеска – Советник во Советот на општина Прилеп, Александар Јованоски – претставник од Локална Самоуправа Прилеп и Зоран Илиески – Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

 

 

Во текот на месец мај трибини на тема Младинско учество ќе се организираат во Скопје, Битола и Штип, а во текот на месец јуни ќе се организираат настани за цртање на графити и отворени денови во Локалните Самоуправи.

 

Кампањата „За подобро младинско учество СЕГА“ се  спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА. Целта на кампањата е да ги информираме младите за моделите на младинско учество на локално ниво и заедно со младите луѓе, да ги поттикнеме донесувачите на одлуки да го гарантираат нивното право на учество.

Leave a comment