На 14 мај, 2013 година тимот на ИНФО СЕГА ја одржаа втората работилница „Ајде да учиме за ЕУ“ во СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу, Прилеп со ученици од прва и трета година. Оваа работилница е дел од проектот „Ајде да ја славиме Европа“ поддржан и одобрен од ЕУ Инфо центарот во Скопје кој има за цел да ја подигне свеста и да се промовира европската култура и вредности кај младите.

 

Работилницата беше интерактивна и се разработуваа  теми за ЕУ културата, вредностите на ЕУ и што значи ЕУ, но исто така и за европското граѓанство. 

 

Во рамките на проектот планирани се 5 едукативни работилници "Ајде да учиме за ЕУ" во секое средно општинско училиште во Прилеп. Работилниците ќе се одржуваат во периодот од 13 – 17 мај, 2013 година.

Leave a comment