Во периодот од 02 – 09 октомври 2012 година во Струга, тимот на ИНФО СЕГА беше дел од интернационалната младинска размена “My way for making the future” проект на програмата Млади во акција кој го спроведе Коалиција СЕГА. На младинската размена присуствуваа 32 млади од Македонија, Белгија, Полска, Романија, Чешка и Бугарија.

 

Проектот ја опфаќаше темата за младинска невработеност и како младите можат да се вработат во малите и рурални средини со цел да останат да живеат таму. Главната алатка која се користеше на оваа размена беше „фотографијата што зборува“, преку која учесниците ја прикажуваа реалната состојба на младите во нивните земји, а исто така имаа за цел да ги истражат и да ги фотографираат можностите за вработување на младите во Струга и Охрид.

 

Овој проект беше одобрен од Националната агенција за образовни програми и мобилност, Македонија.

Leave a comment