Коалиција на младински организации СЕГА во текот на месец април 2013 хостира двајца волонтери од Франција преку Европскиот Волонтерски Сервис од програмата Млади во акција. Проектот “Be Informed, Get Active!”е одобрен од Нацоналната Агенција за образовни програми и мобилност во Македонија.

 

Двајцата волонтери, Елодие и Гвен од Франција ќе престојуваат една година во Прилеп и почнаа да волонтираат во канцеларијата на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА.

Волонтерите ќе бидат вклучени во програма на СЕГА и ИНФО СЕГА и ќе работат во областа на комуникација, младинското информирање и  промовирање на волонтерство. 

Ви најавуваме многу интересни работилници, часови за учење на француски јазик и запознавање на француската култура,  часови по гитара и други активности.

 

Ги покануваме сите млади кои сакаат да бидат дел од овие активности да поминат во канцелариите на ИНФО СЕГА секој работен ден од 10.00 до 16.00 часот или да се пријават на емаил адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Leave a comment