Сода бикербона е состојка која мора да ја имате во вашата кујна. Се користи за сѐ од готвење и чистење до третмани за убавина, но сигурно има некои употреби за кои не сте слушнале. Откако ќе прочитате што следува, никогаш повторно нема да гледате на содата исто.

 

1.    Грижа за стопалата

Сода бикербона е одлична за грижа за стопалата. Можете да подготвите релаксирачка бања за стопалата со додавање на 3 лажички сода во 2 литра вода. Потопете ги нозете и држете ги во водата 15-20 минути. Масирајте ги и уживајте во Васошиот спа ден дома.

2.    Третирајте помали заболувања

Содата е исто така одличен природен лек за киселини во стомакот и стопачни болки. Само измешајте 1-2 лажици сода бикербонаво чаша ладна вода испијте ја кога ќе почувствувате проблеми со барењето. Сепак, ако проблемот не се реши и понатаму постои, треба да се консултирате со доктор.

3.    Отстранете ги спиците

Спиците може лесно да бидат отсртанети со сода бикербона. Измешајте иста количина вода и сода бикербона во паста и нанесете на спицата. Набрзо потоа ќе го решите проблемот.

4.    Третирајте изгореници од сонце

Ако сте с заборавиле на сонце, содата може да Ве спаси. Измешајте 4 лажички сода со топла вода и нанесете на областа што е изгорена од сонцето. Ќе ја олади кожата и ќе го забрза процесот на лечење.

5.    Против потење

Дезедорансите се полни со токсични хемикалии и може лесно да Ви ја иритираат кожата. Знаевте ли дека можете да направите целосно природен дезедоранс со сода и обична вода? Измешајте ги и нанесете од смесата под пазувите, ќе ги чува суви и ќе превенира потење.

6.    Убоди од пчела

Содата има смирувачки ефект на кожата и може да ги смири отоците и иритациите по каснувања од инсекти или убоди од пчела. Нејзините алкални својства може да ја намалат болката и да се спротивстават на отровот од пчелата.

7.    Шампон

      Сода а бикербона може да биде одличен додаток за шампонот, особено ако имате мрсна коса. Додадете го во шампонот што го користете секојдневно и косата ќе Ви биде почиста од кога било.

Leave a comment