По повод 21ви февруари, 2012 „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“,  Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, во фоајето на Градската Библиотека Борка Талески, Прилеп со почеток од 19.00 - 20:00 часот го прослави овој ден, преку настанот „Ајде да твориме на мајчин јазик“.

Настанот беше посетен од ученици од средните училишта, професори по македонски јазик, студенти и волонтери на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА и оваа година беше во знакот на книгите кои се столбови на знаењето и се од суштинско значење за унапредување на слободата на изразување и поттикнување на потенцијалот на младите да творат.

 

Најдобрите и наградени дела кои учествуваа на ИНФО СЕГА објавениот конкурс за литературни творби „ Ајде да твориме на мајчин јазик “ се:

Наталија Реловска (ученик во СОУ Ѓорче Петров) – „Суровата реалност“;

Теодора Јагуриноска(ученик во СОУ Гимназија Мирче Ацев) – „Фиока на тајните“;

 Марија Недеска   (ученик во СОУ Ристе Ристески Ричко) – „Есенска авантура“;

 

 Елена Христоска  „Сонот на вистината “ -  Крушево.

 Од сите испратени творби кои учествуваа на овој конкурс ќе биде направена оnline збирка со литературни творби и истата ќе биде поставена на веб страната на ИНФО СЕГА www.infosega.org.mk.

 

Благодарност до сите училишта кои го поддржаа овој настан.

139 comments

Leave a comment