На 25.12.2012 година во просториите на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА се одржа Промоција на електронскиот каталог „Јас и мојот пријател“. Оваа промоција е дел од проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“.кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА и има за цел да се промовира меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во општините каде живеат млади од различна етничка припадност.

 

 На настанот присуствуваа претставници од средните општински училишта, професори по ликовна уметност и ученици кои учествуваа на претходно објавениот конкурс.На промоцијата беа доделени благодарници за сите средни опшински училишта кои учествуваа на конкурсот,а сертификати и наградиза ученицитекои беа дел од нашите активности. Наградени ученици кои освоија I, II и III место на конкурсот се:

 

I место: Милена Трајкоска СОУ Гимназија Мирче Ацев

II место: Сара Стеваноска СОУ Орде Чопела

III место: Марија Мирческа СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу.

Голема Благодарност до сите кои учествуваа на конкурсот и промоцијата.

 

 

 

Leave a comment