На 21 септември (петок), Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА во соработка со тимот на „Зборувај слободно“ го одбележаа, Меѓународниот ден на Мирот преку мотото „Одржлив мир за одржлива иднина" со собирање на пораки за мир од младите во Прилеп.

 

Активноста се реализира во СОУ Ѓорче Петров, Прилеп за време на попладневната смена на големиот одмор, каде учениците имаат можност да ги напишат нивните пораки за мир во светот  на големо платно и кои  ќе бидат објавени на веб страните на ИНФО СЕГА и Зборувај слободно.

 

Голема Благодарност до сите млади кои учествуваа во оваа активност.

Leave a comment