Коалицијата на младински организации СЕГА го спроведува проектот од програмата Млади во акција, Младинска размена „My way for making the future” кој е финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Република Македонија. „My way for making the future” е меѓународна младинска размена која вклучува 32 учесници од Македонија, Белгија, Полска, Бугарија, Чешка, Романија и Шпанија.

 

 

Од 14 до 16 септември, 2012 година во Струга, претставници на Коалиција СЕГА и ИНФО СЕГА реализираа АПВ средба со лидерите од секоја земја партнер во  овој проект. На оваа посета за напредно планирање направивме преглед на сместувањето, работните простории, безбедноста на учесниците, преглед на дневниот распоред за Младинската размена и го посетивме центарот на Струга. 

Leave a comment