Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, организираше Инфо Денови во периодот од 15 до 18 Јули, по повод најголемиот Балкански ПИВО ФЕСТ оджан во Прилеп.

Целта на овој настан беше да се информираат младите за постоењето на центарот и услугите коишто ги нуди. Во текот на овие 4 дена, повеќе од 5000 млади го посетија штандот, при што голем дел од нив има можност да се запознаат со тимот кој работи во ИНФО СЕГА, да се информираат за сите услугите кои ги нуди. Интересот на младите воглавно беше насочен кон информациите за тековните уписи на факултетите и можностите за стипендии во земјава и странство. 

 

 

Исто така за време на инфо деновите посебно беше забележан интересот на младите за бесплатните атрактивни курсеви по англиски и француски јазик и обуката за CV и мотивационо писмо кои центарот ќе ги испорачува за во наредниот период.

Leave a comment