На 08 јули 2010 година во Младинскиот Информативен и Советодавен Центар се одржа третата средба од циклусот Денови на Младинско информирање со претставници и директори од локалните институции кои работат со млади во Општина Прилеп. На средбата присуствуваа директори и претставници од Меѓуопштински центар за социјална работа, ФМЈЗУ ,,Центар за јавно здравје”, Сојуз на училишен спорт, Фонд за здравствено осигурување, Центар за култура ,,Марко Цепенков”, Работнички Универзитет ,,Пере Тошев” и Црвен Крст на Македонија.

На средбата претставниците од локалните институции беа запознаени за функционирањето на центарот и за неговата огромна улога во животот на младите посебно во делот на информирањето.

 

Се воспоставија  комуникациски канали и метод на работа за полесен проток на информации за сите активностите и услугите кои овие институции ги нудат и се во интерес на младите. Беа дадени нови идеи и предлози од присутните со цел подобрување на квалитетот на услугите кои ги даваме, за младите луѓе да имаат што поголем бенефит.

 

Во овој циклус на Денови на Младинско информирање предвидени се уште три средби од ваков вид односно средби со директорите на средните училишта, средба претставници од високото образование и средба со бизнис секторот во општина Прилеп.

Leave a comment