На 03 и 04 јуни 2010 година во гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп и С.О.У. ”Кузман Јосифоски-Питу” беа организирани првите ИНФО ДЕНОВИ. Целта на организирањето на овие настани беше информирање на младите за организирањето на музичкиот хепенинг што ќе се одржи во сабота на 05 јуни на плоштадот Александрија и воспоставување на директен контакт со младите со цел нивно информирање на услугите кои ги нуди за нив Младинскиот Информативен и Советодавен Центар.

 

 

Исто така во текот на 04 јуни 2010 година беа организирани посети и во С.О.У. “Ѓорче Петров“, С.О.У. “Ристе Ристески Ричко“ и С.О.У. “Орде Чопела“.

Leave a comment