Теоријата за Биг Бенге космолошкиот модел за универзумот кој преовладува од најраните познати времиња. Според моделот се претпоставува дека универзумот се шири од многу голема густина и состојба на висока температура, и тој потврдува и објаснува серија на набљудувани феномени – со други зборови, податоците добиени со набљудувања ја потврдуваат теоријата. Но, временската рамка и развојот на раниот универзум се сѐ уште тема на жестока дебата, и со овој модел може да се одговорат многу прашања.

 

Најпрвин, најраниот универзум се претпоставува дека бил толку жежок, полн енергија, што најпрвин не постоеле материјални честички или постоеле само привремено. Според постоечките научни теории, во ова време различните сили што ги гледаме наоколу, биле здружени во една единствена сила. Фактот дека може да се обидеме да го проучиме го прави овој модел сензационален. Моделот е поточен од сите негови претходници, вели негоа виот креатор. Се потпира на Ајнштајновиот релативитет наместо на Њутновите закони.

Овој процес е главно владеан од гравитацијата, што е доминантна сила на големи размери. Денес, еден век по формирањето на генералната теорија за релативитет, нумерички кодови за структурна формација сѐ уште работат со Њутновиот закон за гравитација.

Тимот од Универзитетот во Женева анализирал кубен дел во вселената, што се состои и 60 милијарди зони, секој содржејќи честичка (дел од галаксија). Тие направиле модел ако сите овие честички се движат во релација една со друга, вклучувајќи податоци од равенката на Ајнштајн и користејќи уникатен код (UNIGE LATfield2 library).

Овој концептуално чист пристап е многу општ и може да биде применет на многу прилагодувања каде што Њутновата апроксимација не е применлива или е неточна, движејќи се од симулација на модели со динамична темна енергија или топла/жешка темна материја до колапс на јадрото при експлозија на супернова.

Нивните резултати се особено важни од повеќе аспекти. Дирекно, се поставува опиплива големина на раниот универзум, одредувајќи ја големината на различни рани локални групи. Но, од друга страна, овој код ќе биде јавно достапен, за да се докаже како уште покорисен за луѓето што изучуваат одреден космолошки аспект, како темна енергија за која се претпоставува дека сочинува 70% од познатиот универзум. Кодот ќе овозможи на физичарите да ја тестираат генералната теорија за релативитетот на невидени размери.

Сега може да се зумира до раѓањето на Универзумот.

Leave a comment