На  25 декември, 2015 година Младински Информативен центар ИНФО СЕГА од Прилеп учествуваше на Предновогодишен панаѓур кој се одржа во ОУ. „Климент Охридски“- Прилеп.

На панаѓурот се продаваа новогодишните честитки кои беа изработени од волонтерите на Младински совет Прилеп и ИНФО СЕГА на креативна работилница. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

 

 

Креативните работилници се дел од Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Целта на истите беше да се посетат Младинските Информативни центри како места кои постојат и работат за младите.

 

 

Активностите во Националната кампања ќе продолжат да се реализираат наредниот период.

Leave a comment