Постои теорија за функционирање на умот на враните. Тие се способни да препознаат и да имаат одреден однос со други животни заснован на мисловен процес како човечките суштества и шимпанзата. Ова е откриено од страна на Томас Бугниар и Стефан Ребер од Универзитетот во Виена. Оваа теорија за функционирање на умот на враните значи дека може да се предвидат и однесувањата на други животни.

Истражувачите сметаат дека враните сечувствителни на она што другите врани би можеле да го видат. На пример, враните ја сокриваат храната ако во околината нема друго животно. Се стремат да ја сокријат храната на места на кои никој не би можел да ја најде. Ова однесување, може да биде објаснето како претпазливост и реакција на можното присуството и погледи од другите врани.

Истражувачите спроведоа експеримент: обезбедија простор од две простории со само едно дупче за шпионирање меѓу нив. При набљудувањето заклучија дека веднаш штом ќе ја постават храната пред дупчето за шпионирање, се слушаат звуци од враната во другата просторија. Значи враната не се плаши ако дупчето за шпионирање е затворено, дури и ако ги слуша истите звуци. Се смета дека тие се свесни дека се набљудувани  иако не гледаат во никој присутен што би ги набљудувал. Оттаму е и теоријата дека животните се свесни за присуството на други животни и можноста да се набљудувани од други животни.

Leave a comment