Да се разбере како еволуираат ѕвездите е многу важно за да се разбере од каде потекнува Земјата, и на каде се движи Сончевиот систем.

Феноменален пример за ѕвезда која умира е Кохоутек 4-55 (К 4-55), поранешен црвен џин 4.600 светлосни години од нас во соѕвездието Кугнус. На фотографија направена со телескопот Хабл во 2009, а неодама објавена од Европската вселенска агенција, може да видиме еден од најфасцинантните настани во ѕвездената еволуција: формирање на планетарна маглина.

Ѕвездите создаваат енергија со фузија на водород во нивното јадро. Процесот трае милијарди години, но со текот на времето центарот ќе биде полн со хелиум и нормалните ѕвезди не се доволно вжештени за да го запалат. Ова предизвикува светлината на ѕвездата да се зголеми илјадници пати, при што надворешната обвивка на ѕвездата се шири многу повеќе од нејзината оригинална големина.

Нашето Сонце се очекува да се претвори во црвен џин за 5 милијарди години. Ќе му се  прошири моменталната големина и ќе ги голтне Меркур, Венера, а можеби и Земјата. Но, црвениот џин е само почеток на крајот.

Надворешните слоеви на овие ѕвезди што стареат се само лабаво врзани за ѕвездите, па енергијата што се создава во нејзиниот центариспушта гас од надворешната обвивка и почнува да губи маса. Надворешните обвивки се шират далеку од ѕвездаа, формирајќи планетарна маглина. Името погрешно: кога Вилијам Хершел прв набљудувал една од овие маглини, мислел дека изгледаат како неколку планети кои се кружни и проширени.

Во случајот на К 4-55 гледаме нешто уште понеобично, со тоа што различните елементи се разделиле и формирале концентрична прстенеста структура. Во светлиот централен прстен, има изобилство на водорот (зелена боја) и кислород (сина боја). Целиот систем е опружен со големи бледо-црвени ореоли емитирани од јонизираниот водород.

Набљудувањето на ѕвезда што умира не е само морбидна љубопитност; постојат многу работи кои не се познати за тоа како ѕвездите приоѓаат кон нивната смрт. Ѕвездите кои умираат го збогатиле универзумот со елементите од кои се создваат нови ѕвезди, планети и секако, ние.

1356 comments

Leave a comment