Google, баш како и сите големи технолошки компании планира своите сервиси да ги надоградува и унапредува со помош на вештачката интелегенција која интензивно се развива во нивните лаборатории.

Google Translate, или познатиот преведувач на Google кој го користат стотина милиони луѓе е далеку од идеален и многумина и натаму се потсмеваат со овој сервис.

Секако, Google Translate ќе ви послужи ако сакате да преведете некој збор или пак да го сфатите текстот напишан на некој, за вас непознат јазик, но структурата, односно да не зборуваме за правописот и граматичкиот дел, во најмала рака се комични.

Google тоа сака да го промени со користење на таканаречената deep learning програма која се темели токму на вештачката интелигенција. Дел од deep learning програмата всушност веќе се користи кај мобилниот сервис на Google Translate кога со помош на камерата на вашиот паметен телефон и апликацијата на Google за преведување сакате да го преведете текстот од некоја фотографија.

За Google Translate да биде што е можно поточен и покорисен, во компанијата започнаа сериозен развој на deep learning, а тоа го потврди и Џеф Дин, компјутерски научник кој моментално е Google Senior Fellow во системскиот и инфраструктурен оддел на Google.

„Ми се чини дека полека започнуваат да излегуваат резултати на ова поле“, изјави Дин во врска со deep learning програмата на Google Translate
.

 

 

 

Leave a comment