Бананите се можеби едни од најпотценетите плодови од природата. Тие се вкусна супер храна која може да обезбеди хранливи материи за телото за тоа да расте. Тие се пакување полно хранливи материи, витамини, влакна, и природни шеќери како сахароза и фруктоза. Тоа се дел од причините зошто редовното консумирање на банани може да ве држи настрана од потребата од лекар.

 

Во САД бананите се топ 1 најкосумирано овошје и Американците ги јадат повеќе отколку јаболка и портокали заедно. Многу од нас носат дома банани купени од продавница и ги јадат во текот на неделата. На почетокот тие имаат зеленикаво-жолта боја и се без дамки, но како минува времето, бананите повеќе созреваат. На нив почнуваат да се појавуваат кафеави точки, кои растат поголеми и поголеми, додека цела банана не биде прекриена со кафена боја. Многу луѓе ги одбиваат кафеавите бананизатоа што мислат дека се трули и ги фрлаат. Тоа има смисла, повеќето овошки што стануваат кафеави се навистина трули и невкусни.

 

Како и да е, колку повеќе кафеави точки има бананататолку е позрела и содржи повеќе состоки за превенција од рак. ТНФ (Фактор на туморска некроза) е состојка која се бори против ракот и абнормални клетки во нашиот организам. Специфично, ТНФ помага да се асситира комуникацијата меѓу клетките во нашиот имун систем и го води движењето на клетките кон подрачја во нашите тела, кои се воспалени или инфицирани. Истражувањата потврдуваат дека ТНФ кој е пронајден во зрелите банани го спречува растот на клетките на туморот и го спречува ширење кое би предизвикало клеточна смрт, или апоптоза. Ова, во комбинација со високо ниво на антиоксиданси кои се исто така пронајдени во бананите, го зајакнува нашиот имун систем, а може и да го зголеми бројот на бели крвни зрнца, исто така. Следниот пат кога ќе видете банана со кафеави точки, немојте да ја игнорирате. Наместо тоа, изедете ја и дајте му на вашето тело мини-зајакнување на здравјето и екстра енергија.

Leave a comment