На 8 март, 2016 година од 12.00 часот во центарот на Прилеп тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп со ЕВС волонтерите од Франција, Романија и Италија  симболично го одбележаа Денот на жената преку продавање и делење на рачно изработени картички. Картичките беа изработени од ЕВС волонтерите и локални млади волонтери на креативни работилници организирани во ИНФО СЕГА.

 

 

Штандовите во центарот на градот беа посетени од голем број на минувачи и со нив волонтерите се фотографираа и им делеа картички.

ЕВС волонтерот Јоан со приклучи на хуманитарен настан кој беше организиран од ученици од ОУ Блаже Конески за помош на дете ученик Дамјан од истото училиште.

 

ИНФО СЕГА ќе продолжи со активности од овој тип.

Leave a comment