Language cafe е младински ориентиран, интеркултурен настан, во организација на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, Младински Совет Прилеп и нашите ЕВС волонтери  од Франција, Бугарија, Турција и Романија.

Учесниците беа поканети, да се приклучат на 23 Октомври во кафулето “Take Fiveво Прилеп, каj малиот тим од волонтери и организатори во неформална атмосфера. да разговараат со нив, да разменуваат мислења, и, исто така, меѓувременно да ги подобрат своите практични јазични вештини.

Организацискиот тим подготви неколку интерактивни игри, за да им помогне на сите учесници со основите на соодветните јазици. Средбата се одржа на англиски јазик, така што секој можеше да разбере разговорот, но на секој од јазицитe беа презентирани примери. Разговаравме за тоа како да ги кажуваме основните делови на телото на секој јазик. Уживавме во некои интерактивни игри со чудниот музички инструмент укулеле, кој наликува на мала гитара и ни беше донесен од Франција. Ние исто така подготвивме игра за учесниците, да препознаеме некои познати личности и локации, ги кажавме имињата на различни животни на различни јазици и многу повеќе за жедните за знаење. Овој пат се обидовме да ги задржиме формалностите на пониско ниво, за да можеме да имаме повеќе време да се дружиме и, исто така, да разговараме на различни теми на јазик различен од нашиот сопствен.

Се разбира, имавме привилегија да уживаме во услугите и гостопримството на нашите домаќини од барот “Take Five” во Прилеп. Ги пробавме нивните кофеински пијалаци и се нурнавме во оригиналната атмосфера за време на траењето на настанот. Сите останаа добро расположени, со некои нови пријатели и со некои практични јазични искуства. Секогаш е пријатно да се седи на маса со учесници од повеќе земји и да се споделуваат  мудрост и знаење со нив.

Инфо СЕГА, Младински Совет Прилеп и нивните партнери и меѓународни волонтери ќе продолжат да го организираат Language Cafe во Прилеп, со цел да останат во контакт со локалните млади и, исто така, да се запознаат со нови млади пријатели и соработници.

Сите се добредојдени да се вклучат и следниот пат кога ќе организираме Language Café. Бидете информирани за претстојните настани и дознајте многу повеќе на веб- сајтовите и на страниците на социјалните медиуми на нашата организација.

 


Written by:  Velin NEDKOV

 

 

 

 

Leave a comment