Во среда, 31октомври, со почеток во 19 часот ќе се одржи хуманитарен концерт за Сара.

Во коорганизација со ЈАВЕН ПРОСТОР ПРИЛЕП, КАФЕ ЧОШЕ, ЛУНА ТРИНИТИ и со поддршка од Домот за култура "Марко Цепенков”, настанот ќе се одржи во фоајето при Домот за култура во Прилеп.

До сега потврдени изведувачи се The Hounds (Прилеп), легендарните прилепски рокери Бен Хур (Прилеп), Cyrillic (Прилеп), Room 313 (Прилеп), Led Robot - Robbie Ray (Прилеп), Dj Dejan Pete (Прилеп), Кристијан Наумчески Dj Mamli (Прилеп) Dj Neox (Битола), Dj Chiko(Битола), а водител ќе биде Милан Секулоски.

Отворено се поканети сите кои сакаат да учествуваат во музичкиот дел на хуманитарната недела за малечката Сара.

Просторот во Марко Цепенков е огромен, нескромно очекуваме голема посетеност и искрено веруваме во хуманоста на нашите сограѓани.

Сите во среда – среќно за Сара

Leave a comment