Во петок, 26 октомври 2018 година со почеток од 19 часот, при ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи Пијано рецитал - Арда Мустафаоглу.

 

Арда Мустафаоглу е пијанист од Скопје. Добитник е на многу награди на интернационални натпревари во Белгија, Турција, Италија, Германија, Бугарија, Србија, Албанија, Македонија, Грција, како и на интернет натпревари. Иако има само шеснаесет години, тој има бројни рецитали и настапи во Ахен, Бон, Дурен, Хамелбург, Касел (Германија), Мантова и Венеција (Италија), Анталија и Истанбул (Турција), Атина (Грција), Модане и Париз (Франција), Перник и Софија (Бугарија), Скопје, Штип и Велес (Македонија), Сремска Митровица и Врање (Србија).

Програма

  1.     Scarlatti - Sonata in C sharp minor K. 247
  2.     Scarlatti sonata in D minor K. 9
  3.     Scarlatti - Sonata in D minor K. 1
  4.     Scarlatti Sonata in D minor K141
  5.     Ravel - Alborada del gracioso
  6.     Schumann - Wehmuth
  7.     Prokofiev sonata No. 7 2nd and 3rd movement.

Leave a comment