Младински Совет Прилеп објавува повик за еден волонтер на ЕВС проект во Италија.

 

  • Име на проектот: Volunteer Spread Sunshine
  • Организација: Cantieri Creativi Jump In
  • Локација: Poggiardo, Итлија
  • Времетраење на проектот: 12 месеци со почеток во Ноември 2018 година

 За проектот:

Со хостирање на ЕВС волонтер, организацијата домаќин би сакала да внесе мултикултурен и меѓународен дух во своите постојани програми. Волонтерот ќе има можност да учествува во секоја програма за развој на културата и способностите, како и да ги прикаже разликите во културата, разликите во однесувањето помеѓу домаќинот и земјата од која што доаѓа.

Волонтерот ќе може да ги види и да биде вклучен во сите активности на организацијата домаќин, ќе може да организира настани, концерти или театарски претстави; ќе се грижи за јавниот однос со сите медиуми, весници, локалната телевизија и радиото, со кои соработува организацијата со цел да се шират различни иницијативи; ќе може да води програма во онлајн радиото на организацијата; ќе ја поддржува организацијата на работилници за обука организирани на територијата; ќе развивавештини за користење на специфични инструменти.

Младите ќе имаат и активности со деца, како што се детски театар или креативни работилници.

Волонтерот исто така може да се ангажира и да се вклучи во активноста на развојот на туризмот создавајќи некоја туристичка маршрута поврзана со културните, природните и гастрономските елементи.

Во овој проект, волонтерот ќе може да искуси различни активности и области на делување и секој може да донесе свои лични предлози; ова ќе даде можност волонтерот да реализира лични проекти и да ја развие својата креативност и зајакнување.

 Активности:

·         Помагање во канцеларијата, со пишување електронски пораки, изработка на телефонски повици или превод на текстови кои ги користат јазичните вештини на волонтерот.

·         Планирање на идни активности за реализација на предностите на ЕВС.

·         Дефинирање на стратегија за комуникација во организацијата.

·         Креирање работилници за деца.

·         Огранизирање програма за онлајн радиото на организацијата.

·         Снимање и емитување на радио програма

·         Активности за вреднување, анализа и известување.

·         Пишување на весник

·         Управување со социјалните медиуми на организацијата, обработка на слики, видеа и други информативни материјали.

Останати придобивки од проектот:

 Часови по италијански јазик: Во текот на проектот, волонтерот ќе добие часови по италијански јазик. Организацијата може да обезбеди по 2 часа 2 пати неделно за 2 месеци.

Работно време: 5 дена неделно, 35 часа неделно, максимум 7 часа на ден. Викендот ќе го преземе волонтерот по заеднички договор со организацијата за координација / хостирање.

Џепарлак: Според програмата на Еразмус плус, волонтерот ќе добие месечен надоместок од 115 евра на крајот од секој месец.

Храна: Волонтерот ќе добие надоместок од 130 евра месечно за да купи храна.

Сместување: Секој волонтер користи двокреветна соба (посебни кревети) во заеднички стан, со социјален простор за сите волонтери, ТВ и топла вода во бањата.

Транспорт: Волонтерот нема потреба од превоз за да стигне до канцеларијата.

 

Доколку сте заинтересирани за еден малку поразличен проект, аплицирајте на следниот линк, најдоцна до 12 ноември 2018 година!

 

Leave a comment