Овој петок, 19ти Октомври во 18 часот, во Депото, холот и галеријата Аче при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена изложбата ДЛУП Совреме(н).

 

Станува збор за групна изложба на четиринаесет уметници - членови на Друштвото на ликовни уметници Прилеп ДЛУП (Христина Мазнеска, Ивана Секулоска, Атанас Атанасоски, Методија Јорданоски, Василка Боцеска, Дарко Талески, Зоран Кочоски, Павлина Илијеска, Емил Солески Викторија Димеска, Владимир Здравески, Елена Димоска, Давид Атанасоски и Јасмина Тодоровска), една уметница од Бејрут Мо Мариа Саркис и уметницата Габриела Мулер од Португалија која живее и работи во Берлин. Акцентот на оваа групна изложба е ставен на дигиталната уметност, односно, најзастапени форми се видеото и фотографијата, но исто така ќе има и објекти во простор, звучни и визуелни инсталации.

Идејата на оваа изложба е да ги промовира прилепските уметници кои што работат во различни техники и форми, а во исто време и ја поместува точката на перцепција од најчесто класичните изложби кон концептуални повеќеслојни форми.

Leave a comment