Театар „Чин 4 Сцена 5“ и УАУ Европска Филмска, Театарска и Танцова академија – Скопје со особена гордост ве покануваат на изведбата на монодрамата „Женска Утопија“ според драмите на Јордан Плевнеш во адаптација, режија и изведба на Димитрина Мицкоска.

 

„Женската утопија“ се базира врз репликите на сите женски ликови од драмите на Јордан Плевнеш. Земани се реплики од скоро сите драми, но јадрото го сочинуваат Малина од „Еригон“, Мадам Де Помпадур од „Безбог“, Марија од „Notre Femme De Paris“, Стела и Естреа од „Вечната куќа“, Ереба и Европа од „Среќата е нова идеја во Европа“, Маргарита Ветерова и Катерина од „Р“, Весна Мирна од „Слободен лов“, Наставничката од „Југословенска антитеза“ чии реплики се извадени и изместени од оригиналниот контекст и направени се пет самостојни ликови.

Ве очекуваме на 18.10.2018 година во 20 часот, во НУЦК „Марко Цепенков“ – камерна сцена.

Информации и резервации на телефонскиот број: 075/486-657.

Слободна продажба на влезници во кафе „Чоше“. Цена на влезниците: 100 денари.

Leave a comment