КУД „Моминок“ во сабота 20 октомври, со почеток во 20 часот во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“, ќе одржи целовечерен концерт на кој играорците ќе го презенетираат богатиот македонски фолклор.

 

Гости на вечерта се КУД „Трнова“ – Угљевиќ и КУД „Којчиновац“ – Пучиле, Бјелина од Босна и Херцеговина.

КУД Моминок е формирано во 2003 година. Работи под покровителство на НУЦК „Марко Цепенков“. Настапувало на бројни фолклорни фестивали, манифестации, собири низ Македонија и во странство, презентирајќи го богатиот македонски фолклор, за што е добитник на награди и признанија.

Leave a comment