Главна цел на овој проект е да им се даде можност на лицата кои почнуваат да се развиваат како младински работници, да стекнат знаења, вештини и практично искуство кои се неопходни за поддршка на младите, особено на оние од маргинализираните средини (етнички малцинства, семејства со ниски примања, итн.), лица кои се наоѓаат во ранливи ситуации (инвалидност, јазични бариери, итн.) и NEET (лица кои не се вработени, во образование и обука).

Проектот ќе придонесе за професионалниот развој на група младински работници преку образование и/или обука во Македонија, Естонија и Обединетото Кралство преку нивно вклучување во обука и практично работно искуство во сите од горе-наведените нации, како и преку развивање на офлајн и онлајн алатки кои понатаму ќе може да ги применуваат во својата идна работа на ова поле. Една од главните цели на соработката е развојот на акредитацијата и признавањето на професионалната младинска работа во Велика Британија, Естонија и Македонија, како и во Европа, па дури и во глобален контекст.

Младинските центри во Талин или пошироко, во цела Естонија, се втор дом на млади лица на возраст од 7-26 год. Тука, младите луѓе имаат можност да го поминат своето слободно време во добро друштво и да учествуваат во локални и меѓународни проекти.

Младинските центри нудат многу можности за надоградување, помагаат при поттикнување на волонтерство, тимска работа и здобивање со искуство преку организирање на настани, развивање на комуникациски вештини и вмрежување со други организации и младински работници.

ЗАДАЧИ ОД ПРОЕКТОТ:

      тестирање на нови пристапи на младинска работа

      споделување, спроведување и ре-евалуација на теоретска пракса;

      креирање и прикачување на содржина на едукативната програма (2.5 часа неделно најмалку работа на платформата) како што се онјалн курсеви, видеа, статии, итн. врз основа на искуства и учење преку прецизно изведени експериментални имплементации на нови алатки за онлајн едукативната платформа;

      придонесување кон филмот преку креирање на 3-4 минутно видео секоја недела, врз основа на нивните активности и искуства;

      вклучување во степен на самоевалуација и рефлексија преку снимање на индивидуални видеа и креирање на онлајн статии;

      осигурување на успешна дисеминација на резултатите помеѓу чинителите (преку подготвување на статии и делови од прирачникот).

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТИ:

-        18+

-        младински работници

-        посветеност на работа со млади

-        флексибилност

-        желба за тестирање на нови методи при работа со млади

Овој проект е финансиран од страна на Еразмус + програмата.

Сите трошоци (сместување, комуналии, локален превоз, материјали) ќе бидат покриени.

Патните трошоци ќе бидат покриени согласно со на правилата на Еразмус + програмата.

Младинскиот работник ќе добие месечен џепарлак од 600 евра од страна на организацијата-домаќин.

За аплицирање, испратете го вашето CV, мотивациско писмо со назнака за Мобилност на младински работиници во Естонија на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Проектни датуми: 01.02.2019 – 30.11.2019 (10 месеци)

Место: Талин, Естонија

Рок за аплицирање: ИТНО!

Повеќе информации на следниот линк.

Leave a comment