Во периодот од 6 август до 6 ноември 2018 година, Чивнинг Секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната година 2019/2020.

Aпликациите се поднесуваат на www.chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа. Стипендијата дава финансиска поддршка за школување на магистерски студии на кој било британски универзитет и ви ја дава можноста да станете дел од влијателна глобална мрежа на 50 000 стипендисти.

За учебната година 2019/2020 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии. Овие стипендии се значајна инвестиција од Владата на Обединетото Кралство за развојот на идните генерации на глобални лидери.

Дополнителни информации:

За детални информации и критерумите за аплицирање посетете ја страната:

www.chevening.org/apply/guidance.

Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на Британската влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт и партнерски организации. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитети за едногодишни магистерски студии за индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење.

Чивнинг постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот (со исклучок на САД и ЕУ). Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент – официјална резиденција на британскиот секретар за надворешни работи.

Повеќе информации на www.chevening.org.

Leave a comment