Големиот концерт во чест на Тоше Проески, кој беше пролонгиран ќе се одржи на 2 ноември, информира меѓународната фондација „Тодор Проески“. Овој настан е поддржан и од Министерството за култура, кое за неговото организирање издвои 5.000.000 денари.

 

„Поради новиот термин, повторно ќе се преговара со балканските ѕвезди што ќе дојдат и ќе настапат со хитови на Тоше. Доколку терминот им одговара, би требало на концертот да гостуваат Аки Рахимовски, Борис Новковиќ, Ања Рупел, Јелена Томашевиќ…“, велат од фондацијата.

На концертот ќе биде промовиран и албумот „Secret Place“ со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. „Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – ’The Hardest Thing’“, додаваат од фондацијата.

Продажбата на билетите е пуштена на страната на https://jugoton.mk.

Денес се навршуваат 11 години откако Тоше трагично загина во Хрватска, во местото Нова Градишка.

Leave a comment