Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува:

 

Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, програма IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.

Целта на настаните за вмрежување е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и другите државни и недржавни чинители релевантни во креирањето на младинските политики. Ова пак, ќе придонесе да се зајакне улогата и капацитетот на граѓанските организации за вијание врз младинските политики и стратешките развојни планови и мерки на локално и национално ниво.

Повикот се однесува за три дводневни настани за вмрежување за вкупно 60 учесници (20 учесници по настан) во текот на октомври, ноември и декември 2018 година. Настаните за вмрежување ќе се одржуваат во Битола и ќе бидат организирани како целодневни настани при што учесниците ќе можат да го поминуваат времето заедно формално и неформално со цел истовремено овозможување на повеќе придобивки: платформа за размена на информации, ставови и добри практики, вмрежување и отворање можности за соработка.

Концептот на настаните вклучува два дела: конференциски дел и дел со Б2Б средби за вмрежување што ќе им овозможи на учесниците (граѓански организации, државни и јавни институции, локлна самоуправа) да се запознаат и потенцијално да остварат соработка. Секој настан за вмрежување ќе се осврне на една носечка тема по која учесниците ќе имаат можност да се информираат, дискутираат и воспостават нови врски за соработка. Темите и термините за секој настан за вмрежување се следните:

  1. Младите и образовните политики (25 – 26 октомври 2018)
  2. Младинска невработеност (22 – 23 ноември 2018)
  3. Младинска мобилност (20 – 21 декември 2018).

 

Зошто да учествувате?

      Ќе имате можност да добиете директни информации за моменталната состојба како и за плановите, проектите и иновациите поврзани со младите од креаторите на младинските политики во областа на образованието, невработеноста и мобилноста;

      Ќе имате можност да учествувате на структурирана дискусија и да поставите прашања поврзани со темите;

      Ќе имате можност да проследите презентации за најдобри практики и успешни приказни на влијание врз младинските политики и соработка меѓу младинските организации и креаторите на младинскте политики;

      Ќе имате можност да се поврзете со конкретни организации или институции, да размените информации поврзани со вашата работа и да воспоставите основи за соработка во иднина.

Профил на учесници:

      Претставници на граѓански организации кои работат на младинските програми во организациите и имаат силна мотивација за вклучување во процесите на креирање и застапување за младинските политики

      Активни членови и волонтери во граѓански организации, со фокус на младински организации;

      Претставници на платформи и мрежи на млади во земјата

      Претставници на студентски и средношколски сојузи

      Креатори и спроведувачи на младински политики на национално и локално ниво

      Претставници на образовни институции и провајдери на неформално образование

      Претприемачи корисници на мерките за вработување на млади и сл.

За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја пријавата преку следниот линк.

 Краен рок за пријавување четврток, 18-ти октомври 2018 до 16:00 часот.

Контакт лице: Мери Нашоку - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Организаторот го задржува правото да прифати само еден од пријавените учесници од иста организација/институција, во случај на повеќе пријавени претставници од иста организација/институција.

Само селектираните учесници ќе бидат контактирани со понатамошни инструкции и информации околу нивното учество на настанот за кој се пријавиле. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за сместување, храна, материјали и пат.

Leave a comment