Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ од денеска 24 август до 3 септември 2018 година поставена e изложбата „Поречаните. Македонското Порече од 1932 – 1033 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“.

Изложбата е во соработка со Амбасадата на Полска во РМ, која пак ја реализираше заедно со Музејот на Македонија.

Оваа изложба во суштина претставува само еден мал дел од творечкиот опус на авторот, пренесен до нас, од страна на проф. Ана Енгелкинг од Полската академија на науките, а особено со несебичните напори и помош на Неговата Екселенција г. Јацек Мултановски – поранешен амбасадор на Република Полска во Република Македонија и неговата сопруга, г-ѓа Кинга Нетман – Мултановска.

Текст од д-р Мери Стојанова:

Јозеф Обрембски е еден од најзначајните полски, етнолози и антрополози, чијтворечки опус е тесно поврзан со македонската етнологија, што го прави исклучително значајна личност и за нас. Неговата посета на Порече во периодот 1932 – 1933 година, нидава изобилство на емпириски материјали, фотодокументација и скици кои не само нему, туку и на подоцнежните македонски етнолози, им послужиле како основа за надградба ианализа на различни аспекти од функционирањето на традиционалните поречки ивоопшто, македонски заедници.

Неколкуте монографски изданија на ЈНУ „Институтот за старословенска култура“ од Прилеп, објавени во периодот 2001 - 2003 година, благодарение на несебичната заложба на д-р Танас Вражиновски кој ги донел материјалите на Обрембски во Македонија, овозможија тие за прв пат да бидат презентирани пред македонската јавност.

Во таа насока и двете македонско – полски конференции организирани од страна наИнститутот, а во соработка со Универзитетот Адам Мицкијевич од Познањ, посветени нагодишнините од раѓањето и смртта на Јозеф Обрембски, овозможија воспоставување надолгогодишни врски и соработката помеѓу научниците и стручните лица од двете земји.

Разнообразноста на материјалите од Порече и нивната структуираност му овозможиле на авторот, а воедно и на сите нас, јасно да ги согледаме сите аспекти на живеење на традиционалните заедници, не само во нивната појавна материјална, туку многу повеќе, во нивната навидум скриена, духовна форма.

Внатресемејните односи, транспонирани на поширок план во самите селски заедници, јасно ја дефинираат поставеноста на секоја единка, но, и колективитетот и нивните јаснодефинирани функционални обврски и обележја.

Обредната пракса и особено нејзините магиски аспекти, делумно ни даваат податоци и за митскиот светоглед на Поречаните кој изобилува со особености, својствени за традиционалните затворени семејни и селски заедници, кои иако во триесеттите години на дваесеттиот век биле се' уште цврсти, денес се веќе во одмината фаза на трансформација и изумирање.

Крајно софистицираниот, одмерен, прониклив, научнички, но многу повеќе, човечки пристап на Јозеф Обрембски во рамките на поречките заедници, и начинот на неговата интерпретација, сосема оправдано му обезбедиле трајно место не само во срцата на Поречаните, туки му обезбедиле и трајно место во македонската, полската и воопшто светската етнологија и антропологија.

Leave a comment