„Поезија на пат“  е поетската вечер што ќе се реализира во четврток  23.8.2018 во 20.30 часот во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На поетската вечер својата поезија ќе ја претстават поети - годинашни учесници на СВП.

 

Учесници

1.    Vladimir Levchev – Владимир Левчев, Бугарија

2.    Martin Glaz Serup – Мартин Глаз Серуп, Данска

3.    Cosmin Perta – Козмин Перта, Романија

4.    Hussein Habasch – Хусеин Хабаш, Курдистан

Поетите гости ќе ја претстават својата поезија на мајчиниот јазик, а потоа актер/водител  ќе ја пренесе на македонски јазик.

На поетската вечер ќе биде претставена и поезијата на добитникот на „Златниот венец“ на СВП, поетот Адам Загајевски.

Целта на манифестацијата е афирмација и промоција на поезијата низ градовите во земјата, односно прослава на врвната светска поезија, преку учество на значајни поети. Воедно преку манифестацијата ќе се придонесе и за анимација на прилепската публика и запознавање со светска поезија.

 

Leave a comment