На 12.02.2018 Младинскиот Информативен и Советодавен Центар Инфо СЕГА одржа работилница со ученици во СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ – Прилеп, на тема: „Предрасуди, стереотипи, дискриминација“.

На работилницата присуствуваа 23 ученици од втора година. Учениците добија анкета каде што оценуваа како би се чувствувале тие кога би се нашле во одредена ситуација. Потоа се дискутираше зошто некои од ситуациите кај нив би предизвикале непријатни емоции и зошто пријатни. 

Тие дадоа свои дефиниции за тоа што претставува дискриминацијата за нив и објаснија со примери кога тие или некој кој го познаваат, се почувствувал дискриминиран. Учениците, исто така, добија фотогорафии каде што беше претставен одреден вид на дискриминација, за тие да одредат каков вид дискриминација е претставена на фотографијата.

Оваа работилница има за цел да ја покрене свеста на младите за нивното опкружување, да ги прифаќаат различните култури, религии и националности, како и да препознаат ситуации во кои би можеле да бидат дискриминирани. 
ИНФО СЕГА ќе продолжи со спроведување на работилници на различни теми во училиштето.

Leave a comment