Денес беше одржана третата работилница од летната школа за „Претприемништво“ на тема маркетинг стратегии и веб маркетинг.

На денешната работилница учесниците преку теоретски презентации и практични вежби се запознаа со маркетинг стратегиите, веб маркетингот и неговата важност во креирањето и водењето на успешен бизнис. Денешната работилница ја водеше Андреј Габроски дипломиран економист, проектен асистент во МСП и претседател на студенски парламент на Економски факултет - Прилеп.

Следната работилница е во понеделник 26 јуни на тема креативност и иновации.

 

Leave a comment