На 15.06 официјално започна школата за „Претприемништво“. На школата присуствуваа 15 ученици од сите средни училишта во Прилеп. 

Првиот модул од школата беше насочен кон тимска работа и лидерство. Обучувачи на школата беа Елена Милеска и Миранда Коен кои го водеа делот за лидерство, додека делот за тимска работа го водеше Михаил Темелкоски - Дворчанец. Учесниците одблиску се запознаа со концептот на лидерство, лидерски стилови и како да станат подобри лидери но и како да создадат добар и успешен тим, и со кој предизвици би можеле да се соочат при водењето на тим.
Следната работилница ќе биде во понеделник каде учесниците ќе се запознаат со темата Емоционална интелегенција.

      

 

 

Leave a comment