Денес, на 14.06.2017  година, во просториите на Младински Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА започна Летната кретивна школа која вклучува серија на летни работилници наменети за деца од 9-12 години.

 

Работилниците ги водат Италијанските и Француските волонтери од ИНФО СЕГА, заедно со Peace Corp волонтер од Америка. На работилницата присуствуваа околу 15 деца од сите основни училишта во Прилеп. Најпрво децата преку игра и забава се запознаа меѓу себе, а потоа со помош на волонтерите изработуваа најразлични форми од хартија - оргиами.
Следната работилница е во петок на 16.06.2017 година, за Културна размена каде децата ќе се запознаат повеќе со Италијанската, Француската и Американската култура.

Leave a comment