На 31.05.2017 година во просториите на Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ во Кавадарци се одржа едукативна работилница на тема „(Не)дискриминација“.


Оваа активност е дел од проектот за социјална инклузија „Да го отвориме кругот, сите сме исти“, кој основното училиште „Тошо Велков Пепето “ го спроведува заедно со Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“.



Работилницата траеше два часа и учествуваа 24 ученици од основното училиште кои се исто така и учесници во овој проект.
На оваа работилница на креативен начин беше направена фотографија која го симболизира насловот на проектот, учениците научија и се потсетија за тоа што е дискриминација и во кои форми ја среќаваме во секојдневието, а потоа низ игри повторувавме што сме научиле.

 

Повеќе фотографии од настанот на следниот ЛИНК.

Leave a comment