Успешно реализиран фудбалскиот настан "Симулација на светско фудбалско првенство" во Прилеп, со средношколци  во соработка со професори од 5 средни општински училишта од Прилеп и ЕВС волонтерите во ИНФО СЕГА, Настанот се одржа на ден 06 мај (сабота), во паркот Могила (мал фудбалски терен).

Со цел реализирање на проетот за промовирање на француската култура и францускиот јазик "Franco Macedonian cultural Team" спроведен од страна на Коалиција на младински организасии СЕГА, Младински Информативен Советодавен Центар ИНФО СЕГА- Прилеп и ЕВС волонтерите од Франција од оваа организација, финансиски поддржан од Еразмус + програмата се одржа спортски настан, турнир во мал фудбал, со цел развивање на спортско-рекреативниот дух кај младите во Прилеп.

 

Благодарност до сите средни општински училишта кои безусловно ја поддржаа оваа идеја, до учениците кои зедоа учество и приредија вистински спектакл во мал фудбал, до професорите кои го поддржаа овој настан и секако голема благодарност до спонзорите без кои овој настан не би се реализирал: Пекара Џулијано, Жито Прилеп, Синалко, Ладна вода, ФК Победа и Општина Прилеп. 

               

         

Leave a comment