Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Младински Инфомративен центар ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп по повод Европската недела на млади 2017, организираат ИНФО ДЕН во центарот на Прилеп, на ден 05 мај (петок) 2017 година, од 11-14 часот.

Под слоганот “Shape it, move it, be it”, по повод Евроската недела за млади која трае од 01 – 07 мај, ќе се презентираат ЕУ можности за мобилност, солидарност, инклузија, демократија и активно граѓанство.Оваа недела 33 земји учеснички во Еразмус+ програмата ќе одржат конференции, работилници и настани на отворено каде што младите ќе имаат можност да се информираат за новиот Европски Солидарен Корпус, да научат повеќе за Еразмус+ и да се вклучат во младинската политика.
На ИНФО денот во Прилеп локалните млади ќе имаат можност да се информираат за Еразмус+ програмата и за кампањата Информирај се СЕГА!

На ИНФО ДЕНОТ ќе се направи и промоција на Првата Мобилна Апликација Млади АМС, за младинско информирање која е достапна на Google Play. На поставениот штанд ќе се дели промотивен материјал и информации за мобилната апликација  меѓу младите. Преку мобилната апликација младите ќе бидат информирани за стипендии, обуки, семинари и за сите можности кои им се нудат. 

Дојдете, посетете не и бидете навремено информирани!

Ве очекуваме!

Leave a comment