Во СОУ „Ѓорче Петров“ беше одржана првата презентација за натпреварот за најдобар мултимедијален продукт на тема „Трговија со луѓе“, организиран од Здружение Отворена Порта во соработка со Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА- Прилеп.

На ден 30 март 2017 година (четврток) во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп беше одржана првата презентација за промоција на проектот за најдобар мултимедијален продукт на тема „Трговија со луѓе“. На презетацијата учениците се запознаа повеќе со темата за трговија со луѓе и за критериумите за учество на натпреварот. Презентациите опфатија околу 150 ученици од 1ва до 4та година.

Презентациите за натпреварот ќе продолжат и во текот на наредната недела во останатите средни училишта како и на Економскиот Факултет во Прилеп.

                                                         

 

Leave a comment