На 01.03.2017 во центарот на градот се одржа ИНФО ДЕН во рамки на проектот "Youth Information Workers fit for Youth " кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Регионалниот младински инфо центар во Риека - УМКИ и Агенцијата за Европско Младинско Информирање и Советување (ERYICA).

Проектот започна на почетокот на октомври 2016 година и ќе трае до крајот на март 2017 година. Целта на проектот е да се подобри квалитетот на информирањето на младите преку развој на Водич за информации за младинските работници врз основа на размена на најдобрите практики за работа младинско информирање.

 

Со младите од Кавадарци споделивме информации кои се од нивен интерес, им беа презентаирани активностите и целите на „ИНФО СЕГА“ Кавадарци  и информации за тековната кампања „Информирај се сега“.


Leave a comment