Пешачките премини во Мадрид се обично многу здодевни.

Нормално, имаат основна функција во сообраќајот, но повеќето од нив се некреативни зони со бели линиипо сивите патишта налик писта. За бугарскиот уметник Христо Гуелов, тие воопшто не се досадни, или барем не кога тој ќе ги декорира.
Уметникот ги претвора пешачките премини во Мадрид во шарени уметнички дела како дел од неговиот проект Funnycross. Користејќи впечатливи бои и геометриски дизајни, Гуелов вдахнува живот во заостанатите јавни површини.
„Funnycross ги користи пешачките премини за да интервенира во урбаниот пејзаж. Метафората ‘мост меѓу два брега’ е појдовна точка на оваа уметничка интервенција,“ пишува артистот.
Не станува збор само за естетика – уметникот се надева дека овие смело обоени крстосници ќе ја зголемат свесноста и на возачите и на пешаците.

         

 

1131 comments

Leave a comment