На 19 август 2015 година е отворен вториот Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ во Кавадарци, во рамките на поддршка на Програмата за децентрализирана соработка со меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, Општина Кавадарци и Коалиција на младински организации СЕГА.

Овој Младински информативен центар е втор од овој вид во Република Македонија кој ќе работи според Европската повелба за младинско информирање.
Младинските Информативни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци нудат информации и услуги за млади и младински организации.

Основни програми кои ги спроведуваат се:

 

Младинско информирање - нудат информации од областа на вработување, волонтерство, стипендии, образование, култура, домување, учество на семинари, обуки, конференции и сл.

Центри за документација и информирање - Младинските информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци располагаат со различни печатени и електронски публикации, прирачници, книги и важни документи од областа на младите.

Промовирање на европски програми и волонтерство - обезбедуваат информации за Европски програми и проекти, како и за можностите за искористување на овие програми.

Услуги за млади и младински организации - нудат различни услуги за млади и младински организации: туторство, можности за волонтерска пракса за студенти/апсолвенти, професионална ориентација, изнајмување на простор за работилници, прес конференции и сл.

Поддршка на младите луѓе во општините Прилеп и Кавадарци
- Давање на директна поддршка на младите луѓе преку спроведување на различни едукации за младите како на пример: Професионална ориентација, Полесно совладување на материјалот, Заштита на лични податоци на интернет, Изготвување на CURICULUM VITAE (CV), структурана CV, мотивационо писмо и интервју за работа и сл.
- Менторство на ученици преку помош и поддршка во пишувањето на домашните задачи и совладување на материјалот;
- Организирање на бесплатни курсеви за изучување на странски јазици;
- Активности за застапување на локалните младински потреби.

Соработка со институции и организации - Младинските информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци соработуваат со различни институции и организации од земјата и странство во интерес на своето работење и на младите.

10027 comments

Leave a comment