Во текот на вчерашниот ден, 28 Декември 2016 година, во просториите на ИНФО СЕГА се одржаа две работилници, каде се изработија Новогодишни украси од страна на ЕВС волонтерите од Италија, Лаура и Давиде, Младински Совет Прилеп и ученичките од СОУ Гимназија Мирце Ацев, Анастасија Ристеска и Ана Плетварец.

 Работилниците беа одржани со цел да се изработат украси кои ќе бидат продавани на Новогодишниот хуманитарен панаѓур денес, 29 Декември 2016 година, со почеток во 12:00 часот, во СОУ Климент Охридски.

Средствата кои ќе бидат собрани на панаѓурот ќе бидат наменети за да и помогнеме на младата ученичка Евгенија Јоновска. 

Бидете хумани и Вие! 

Ве очекуваме !

1776 comments

Leave a comment