Во рамките на кампањата “Time to Move“ на 31.10.2016 и 01.11.2016 година во Кавадарци, во дворот на средното училиште „Добри Даскалов“ беа одржани Инфо часови за промоција на волонтерството меѓу младите и промоција на услугите на ИНФО СЕГА Кавадарци, на кои беше поделен промотивен материјал за програмата Европски волонтерски сервис која е отворена и за младите од Македонија.


“Time to move“ преставува збир на настани организирани за младите во текот на октомври 2016 година. Овие активности имаат за цел да ги запознаат младите со стотици можности преку кои можат да одат во странство, да учествуваат во меѓународен проект,  да ја истражуваат Европа или се здобијат со искуство кое ќе им треба во иднина. Сите активности се раководени од Евродеск центрите и Младинските информативни работници кои секогаш се подготвени да  разговараат и да ви помогнат да најдете проект кој најмногу одговара на вашите потреби. Волонтирање во друга земја за неколку месеци? Училишна замена за еден семестар? Стажирање во странство? Ти си информиран!

Leave a comment