Кампањата “Time to moveпреставува збир на настани организирани за младитево текот на октомври 2016 година. Овие активности имаат за цел да ги запознаат младите со стотици можности преку кои можат да одат во странство, да учествуваат во меѓународен проект,  да ја истражуваат Европа или се здобијат со искуство кое ќе им треба во иднина. Сите активности се раководени од Евродеск центрите иМладинските информативни работници кои секогаш се подготвени да  разговараат и да ви помогнат да најдете проект кој најмногу одговара на вашите потреби. Волонтирање во друга земја за неколку месеци? Училишна замена за еден семестар? Стажирање во странство? Ти си информиран!

Во рамките на кампањата Time to Move, на 25.10.2016 година во Прилеп беа одржани Инфо ден за промоција на волонтерството меѓу младите и настан за промоција на услугите на ИНФО СЕГА.

На Инфо денот во центарот на Прилеп беше поделен промотивен материјал за програмата Европски волонтерски сервис која е отворена и за младите од Македонија. Локалното население имаше можност да разговара со ЕВС волонтерите од Франција и Италија кои ја презентираа постапката за аплицирање и информации за програмата. Исто така младите има можност да се фотографираат со логото на кампањата кое беше изработено од млади.

Во рамките на Language cafe активноста каде се собираат голем број на млади со цел да научат и да го подобрат говорењето на Англиски, Француски или Италијански јазик беше организирана промоција на услугите на ИНФО СЕГА. Со присутните млади имавме можност да разговараме за начините на волонтирање, програми за училишни размени, стипендии, можности за ефтино патување, информации каде да бараат проекти, веб страни итн. Младите беа информрани за начините како да ги најдат информациите на веб страната на ИНФО СЕГА но и да го посетат центарот со цел добивање на поддршка и помош при аплицирање.

ИНФО СЕГА Прилеп е официјална поинт точка на мрежата на информативни центри низ Европа Eurodesk.

 

 

Leave a comment