На 04.10.2016 година во просториите на Агенција за млади и спорт се одржа состанок со институции и младински организации кои работат на полето на младинско информирање во рамките на Национална кампања за младинско информирање „Информирај се СЕГА!“. Целта на овој состанок беше креирање на мрежа со институции и младински организации со цел подобрување на младинското информирање во Македонија. На состанокот присуствуваа прставници од ИНФО СЕГА Прилеп, Коалција СЕГА, fakulteti.mk, Радио МОФ, Младински Совет Прилеп - Радио Пулс и УГД Радио – Штип на кои детално им беа презентирани предвидените активности од кампањата.

 

Според Стратегијата за млади 2016 (Акцискиот план) во текот на 2016/2017 година ќе се спроведи Национална кампања за младинско информирање „Информирај се СЕГА!“ која има за цел им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

Цели на кампањата:

-        Зголемена свест кај младите луѓе за важноста на е - информирање

-        Креирана и промовирана Апликација за младинско инфомирање

-     Формирана мрежа за младинско информирање на национално ниво

Оваа кампања ќе трае 6 месеци (од 01 октомври 2016 до 01 јуни 2017година) и предвидува серија на активности на локално и национално ниво со цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации и да ја подигне свеста за значењето на онлајн младинското информирање.

Кампањата е поддржана од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција.

 

 

Leave a comment